Издадени 110 лиценци за искористување на сонцето

Bez autora
Jun 02 2014

Расте интересот за изградба на сончеви централи преку коишто сончевата енергија се трансформира во електрична. Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се издадени вкупно 110 лиценци за изградба на вакви централи, при што 39 од нив веќе се пуштени во употреба, а во фаза на изградба ширум Македонија се уште 71 фотонапонска електроцентрала. Според состојбите што табеларно се претставени на официјалниот сајт на РКЕ, се согледува дека фотонапонските електроцентрали се делат на два дела, и тоа со моќност до 50 киловати и втората група со моќност до 1 мегават. Досега од првата група се изградени и пуштени во употреба 26, а 59 се во градба. Вкупно издадени лиценци со капацитет од 50 киловати има 85, а вкупната моќност на сите тие централи со одлука на Владата е до 4.000 киловати.

Издадени 110 лиценци за искористување на сонцетоРасте интересот за изградба на сончеви централи преку коишто сончевата енергија се трансформира во електрична. Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се издадени вкупно 110 лиценци за изградба на вакви централи, при што 39 од нив веќе се пуштени во употреба, а во фаза на изградба ширум Македонија се уште 71 фотонапонска електроцентрала.

Според состојбите што табеларно се претставени на официјалниот сајт на РКЕ, се согледува дека фотонапонските електроцентрали се делат на два дела, и тоа со моќност до 50 киловати и втората група со моќност до 1 мегават. Досега од првата група се изградени и пуштени во употреба 26, а 59 се во градба. Вкупно издадени лиценци со капацитет од 50 киловати има 85, а вкупната моќност на сите тие централи со одлука на Владата е до 4.000 киловати.

Од табелата, истовремено, се согледува дека овие 26 сончеви централи имаат вкупна моќност од 1.158,130 киловати, а 59 централи се со моќност од 2.840, 565 киловати или вкупно 3.998,695 киловати, речиси колку што одобрила Владата.

Анализите потврдуваат дека имало интерес и за градење на големите сончеви централи кои се од 50 киловати до 1 мегават. За нив регулаторите издале 13 лиценци, а уште 12 се во фаза на изградба, при што нивната вкупна бројка достигнува 25 фотонапонски електроцентрали. Овие енергетски капацитети се со моќност од 13.999, 795 киловати производство на електрична енергија, што е во состав на одобрената владина одлука, која е до износ од 14.000 киловат-часови.

- Овие производители на струја се во групата на повластени производители кои со одлука на Владата имаат право да користат повластена тарифа на електрична енергија произведена од овие сончеви централи - потсетуваат од РКЕ.

Оваа повластена тарифа кај помалите централи до 50 киловати кои веќе се пуштени во употреба е одобрена за период на користење од 15 до 20 години, а таа тарифа изнесува од 12 до 46 евроценти за киловат-час. Од табелата се забележува дека најголем број од централите се со повластена тарифа од 30 евроценти за киловат-час произведена електрична енергија.

Поголемите централи до 1 мегават имаат друга повластена тарифа за произведената електрична енергија, која се движи од 12 до 41 евроцент за киловат-час. Сепак, најголемиот дел од нив се со повластена цена од 28 евроценти за киловат-час струја.

Искуството покажува дека најголем број од инвеститорите за градење сончеви централи се домашни. Тие сериозно се заинтересирани за производство на зелена енергија од сонце и затоа сметаат дека Владата треба да одобри нова, трета квота за поставување на сончеви панели.

- Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира - сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Од Министерството за економија велат дека идните активности во однос на зголемување на моќноста на повластените производители за фотонапонски електроцентрали зависат од резултатите кои ќе се добијат од дополнителните технички и финансиски анализи, како и од меѓуресорски консултации.

Анализите утврдиле дека Македонија заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија, што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на метар квадратен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik